За Нас
Центарот за еднаквост и правда се грижи за:
- Подобрување на системот за поддршка и грижа на девојките, момчињата и жените, преку континуирана поддршка и залагање за институционални и системски промени.
- Влијание врз законите и политиките со цел да се намали родовиот јаз, да се подобри здравствениот и социјалниот статус на луѓето, да се промовира еднаквоста и економијата на грижа.
- Родова и социјална правда преку промоција на принципот на владеење на правото.
- Едукација и промоција на принципот на недискриминација и родовата еднаквост преку нови и иновативни пристапи и медиуми, вклучително и во бизнис секторот, образованието и на интернет просторот.
Програми на ЦЕП:
- Програма за поддршка на бремени жени и родител(к)и
- Програма за промоција и едукација за правото на еднаквост
- Програма за родова и социјална правда
Центарот за еднаквост и правда дејствува преку :
- Пристапот заснован на човекови права
- Интерсекционалноста
- Обезбедување на сервиси за поддршка
- Застапување за подобри системски решенија преку унапредување на законите и политиките
- Градење и одржување на партнерства со граѓанските организации
- Зајакнување на капацитетите и соработката со институциите на локално и национално ниво
- Зајакнување на капацитетите и соработката со бизнис секторот
Нашиот тим
Неда Чаловска Димовска
Неда Чаловска Димовска е Претседателка и една од основачките на Центарот за еднаквост и правда. Таа е адвокатка и магистер на правни науки и веќе 13 години работи на правни прашања и истражувања поврзани со човекови права, родова еднаквост и недискриминација. Како мајка на две деца, активно работи и на унапредување на правата на бремените жени, родител(к)ите и децата, со цел создавање на подобри политики за поддршка на семејствата.
Татјана Стоименовска
Татјана е Проектна координаторка во Центарот за еднаквост и правда, со долгогодишно искуство во подготовка, дизајн, управување и успешна имплементација на проекти финансирани од меѓународни организации и институции.
Татјана е Mагистер по политички науки, со специјализација во Европски институции и регулативи, и поседува сертификат од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет, во рамки на програмата Родови студии.
Во последниот период се занимава и со дигитализација и дигитални продукти, успешно спојувајќи го искуството од граѓанскиот сектор со дигиталните иновации.
