Кои сме ние?
Најново соопштение
февруари 24, 2026
Трошоци за одгледување деца во Северна Македонија: реалност, предизвици и препораки (2025)
Центарот за еднаквост и правда (ЦЕП) ја подготви и објави Анализата за трошоците за одгледување дете, која ги разгледува постојните политики за финансиска поддршка на семејствата со деца во Република Северна Македонија и го оценува нивното влијание врз животниот стандард и детската сиромаштија. Анализата укажува дека во Република Северна Македонија недостасува национална проценка на трошоците за…
Центарот за еднаквост и правда се грижи за:
Подобрување на системот за поддршка и грижа на девојките, момчињата и жените, преку континуирана поддршка и залагање за институционални и системски промени.
Влијание врз законите и политиките со цел да се намали родовиот јаз, да се подобри здравствениот и социјалниот статус на луѓето, да се промовира еднаквоста и економијата на грижа.
Родова и социјална правда преку промоција на принципот на владеење на правото.
Едукација и промоција на принципот на недискриминација и родовата еднаквост преку нови и иновативни пристапи и медиуми, вклучително и во бизнис секторот, образованието и на интернет просторот.
Програми на ЦЕП:
Центарот за еднаквост и правда дејствува преку :
- Пристапот заснован на човекови права
- Интерсекционалноста
- Обезбедување на сервиси за поддршка
- Застапување за подобри системски решенија преку унапредување на законите и политиките
- Градење и одржување на партнерства со граѓанските организации
- Зајакнување на капацитетите и соработката со институциите на локално и национално ниво
- Зајакнување на капацитетите и соработката со бизнис секторот



