Соопштенија

Наши соопштенија

Трошоци за одгледување деца во Северна Македонија: реалност, предизвици и препораки (2025)

февруари 24, 2026

Центарот за еднаквост и правда (ЦЕП) ја подготви и објави Анализата за трошоците за одгледување дете, која  ги разгледува постојните политики за финансиска поддршка на семејствата со деца во Република Северна Македонија и го оценува нивното влијание врз животниот стандард и детската сиромаштија. Анализата укажува дека во Република Северна Македонија недостасува национална проценка на трошоците за одгледување дете и систематизирана податочна база за расходите што домаќинствата ги издвојуваат за децата. Оваа празнина во податоците ја ограничува можноста за креирање политики засновани на докази и доведува до арбитрарност во распределбата на социјалната поддршка.
Прочитајте повеќе во самиот документ.
Scroll to Top