Проекти
Проектот „Со застапување – до подобра грижа за жените“,има за цел да ја зајакне економската и социјалната положба на жените, со посебен фокус на мајките и бремените жени преку унапредување на политиките и институционалната поддршка.
Проектот пробува да го препознае неплатениот труд на жените, а со тоа и подобрување на судската пракса при определување на издршката за деца. Понатаму проектот ги адресира различните форми на на дискриминацијата врз бремените жени и мајки, како и ги адресира националните демографски политики со цел да ги направи родово сензитивни.
Проектот предвидува континуирано застапување, а активностите ќе се одвиваат преку работилници, форуми за дијалог , како и јавни промоции, но со претходно утврдување на состојбите преку policy и monitoring briefs , а преку соопштенија ќе поттикне стручна и јавна дебата за системските промени што се потребни за подобро остварување на правата на жените. Проектот исто така ќе работи на директна поддршка на жени кои претрпеле дискриминација при бременост и мајчинство, и ќе работи кон ниво враќање на пазарот на труд. Крајната цел се конкретни институционални промени кои водат кон праведна и инклузивна грижа за жените и мајките.
