Соопштенија

Медиуми

Центар за еднаковост и правда: До 200 илјади денари годишно се трошоците само за едно дете

декември 2, 2025

Извор: Канал 5

Од 160 илјади денари до 200 илјади денари годишно чинат основните трошоци за едно дете во семејството, до неговото полнолетство. Во анализата е наведено дека највисоки трошоци родителите имаат во првите две години од раѓањето на детето и кај тинејџерите. „Основните трошоци за дете од раѓањето се до 166 илјади денари годишно, но тука не се влезени трошоците како креветче, транспортер, количка за дете. Од две до шест години се 148 илјади денари, од шест до 14 години 150 илјади денари годишно и во возраст на тинејџер и до 190 илјади денари“, вели Неда Чаловска Димовска од Центарот за еднаковост и правда.

Во анализата е потенцирано дека скоро ништо не е бесплатно и дека во образованието и градинките има скриени трошоци што ги плаќаат родителите, како што се фотокопии на книги, униформи, хигиенски средства, настани за социјализација на децата, како и скапите тренинзи и натпревари организирани надвор од Македонија. Трошоците варираат не само според потребите, туку и според бројот на членови во семејството. Целта на анализата е да се намали сиромаштијата кај граѓаните и да се помогне на социјално ранливите категории и семејствата со деца со атипичен развој, како и тоа да се земе предвид при формирањето на потрошувачката кошничка.

Автор: Мирјана Мирчевска Јовановиќ

Центар за еднаковост и правда: До 200 илјади денари годишно се трошоците само за едно дете

Scroll to Top