Соопштенија
На 2ри декември Центарот за еднаквост и правда (ЦЕП) ја промовираше Анализата за Трошоци за одгледување деца во Северна Македонија: реалност, предизвици и препораки (2025), подготвена од експертките: Неда Чаловска-Димовска, Катерина Шапкова-Коцевска и Елена Димушевка.
Анализата разбуди голем интерес за тоа колку чини одгледување на дете во Република Северна Македонија, па така повеќе медиуми ги пренесоа клучните препораки во насока на подобрување на благосостојбата на децата и намалување на детската сиромаштија, како на пример:
- Воспоставување национална проценка на трошоците за деца и редовно објавување на индикаторите за сиромаштија.
- Ревизија на правната рамка и усогласување на додатоците според возраста и потребите на детето.
- Воведување универзален детски додаток како системска мерка за социјална сигурност на семејствата.
- Дефинирање „Минимална кошничка за грижа на дете“ која ќе ги опфати основните месечни трошоци за храна, хигиена, здравје, образование и домување.
- Подобрување на пристапот до предучилишна грижа преку проширување на капацитетите и поддршка за ранливи семејства.
- Реализација на концептот на бесплатно образование со унифицирани политики за учебници, униформи и хигиенски материјали.
- Субвенционирање на дигитален пристап и техничка опрема за ученици од семејства со ниски приходи.
- Зголемување на еднократната помош за новороденчиња во согласност со реалните пазарни трошоци.
Анализата се изработки со финансиска поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје. А настанот се одржа во во Ресурсниот граѓански центар во Скопје.
