Соопштенија

Медиуми

Родителите под притисок поради растечките трошоците за нивните деца

декември 2, 2025

Извор: Телма

Родителите чувствуваат голем притисок затоа што од ден во ден трошоците за нивните деца само се зголемуваат, што се одразува на квалитетот на живот и социјалната вклученост, право на секое дете. Според анализата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје и Центарот за еднаквост и правда генерално трошоците за одгледување деца се од 160.000 денари до 200.000 денари на годишно ниво во зависност од возраста.

„За деца до двегодишна возраст трошоците се околу 160.000 денари на годишно ниво, меѓутоа тука имаме и влезни трошоци, они првични кои што мораат да ги имаат како креветче, седиште итн, тоа се плус 20.000 денари минимум кои што можат да ги имаат. А потоа од две годишна возраст до шест годишна возраст се околу 148.000 денари, потоа во училиште околу 150.000 денари и тинејџерите односно во средно училиште децата трошат најмногу околу 190.000 денари“, рече Неда Чаловска Димовска, Центар за еднаквост и правда.

Според Шапкова – Коцевска државата треба сериозно да ги ревидира податоците, меѓутоа и минималната синдикална кошничка каде што ќе бидат сериозно разгледани и скриените трошоци за секое дете според возраста.

„Затоа апелираме дека ова треба да се верификува на ниво на држава и тука го повикуваме Заводот за статистика и сите надлежни институции да интервенираат во методологиите кои што ги користат и да излезат со официјална пресметка за расходите кои што ги имаат домаќинствата со различен број на издржувани лица различен број на деца и различна возраст“, изјави проф. д-р Катерина Шапкова Коцевска. 

Во однос на скриените трошоци хигиенските материјали се околу 500 денари месечно, за униформа околу 1500 денари на годишно ниво. Но постојат и скриени трошоци во однос на книгите кои се минимум 500 денари, материјали на почетокот на учебната година кои се околу 2000 денари.

Скриени трошоци има и кај тинејџерите во однос на електронските уреди за учење  кои што ги користат и за кои над 95 % од родителите кажале дека им се неопходни.

Родителите под притисок поради растечките трошоците за нивните деца

Scroll to Top